Португалскиот селектор Фернандо Сантош, откри дека неговиот пулен Кристијано Роналдо има една голема неисполнета желба во фудбалската кариера, а тоа е да освои Светско првенство.
Последна шанса на Роналдо да му се исполни оваа желба е Мундијалот во Катар во ноември и декември следната година, кога Роналдо ќе биде 37-годишен. Во мартовскиот циклус квалификации, адути на Сантош покрај Роналдо се Пепе, Бруно Фернандеш, Жота, Жоао Феликс и Бернардо Силва.



