Андреј Рублев моментно е на осмото место на АТП листата, а во досегашниот дел од кариерата има заработено безмалку осум милиони евра од играњето тенис. Иако во кариерата има добиено милиони суми, Рублев се пожали дека нема можност да си купи стан.
Младиот Русин, во кариерата има освоено осум АТП титули. Најуспешна му беше минатата година, кога успеа да освои пет турнири. Победи во Виена, Санкт Петербург, Хамбург, Аделаида и Доха.
Тенисерот се правда дека минатата година ги платил сите свои соработници кои му асистираат и помагаат пеофесионално, а дека тој немал ниту еден настап по турнири поради Коронавирусот. На крај вели тој дека тенисот е скап спорт. Инаку Рублев има 23 години.



