Младиот хокеар на Динамо Санкт Петербург, Тимур Фајзутидинов почина во болница во Јарослав, четири дена откако на несреќен начин беше погоден со пак во незаштитениот дел од лицето на дуелот со Локомотив.
Иако имаше кацига на главата ударот беше страотен и за жал погоди место кое не го штити кацигата, по што падна на мразот во бесознание. Фајзутидинов имаше само 19-години. Хокеарот беше капитен на младиот тим на Динамо со над 200 одиграни натпревари.



