Кристијано Роналдо со хет-трикот против Калјари дојде до бројка од 770 голови во професионалната кариера и доби честитка од Пеле, кој порача дека му честита на португалецот што го надминал неговиот биланс на постигнати голови.
За Пеле се верува дека дал 757 гола, но кога Роналдо го надмина тој број, не се пофали дека го надминал Пеле. Според Светската фудбалска федерација ФИФА, рекордер е Јозеф Бичан со 804 голови.



