Португалецот Бебе постигна еврогол за Рајо Валјекано, со кој го најави пресвртот на мадриѓани против Сарагоса за многу важна победа од 3:2 во битката за пласман во Примера.
Слободниот удар беше прекрасно изведен во 41. минута, а од еден агол што го фатија камерите може да се види погодокот и од перспективата на нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, кој брани за Рајо Валјекано. Во прилог и видео од одличниот погодок од слободен удар:



