Историска е победата на Македонија против Данска и тоа на дебито на Кирил Лазаров како селектор на националниот тим. Лазаров успеа да го врати и Филип Миркуловски во репрезентативниот дрес, потег кој се покажа како многу значаен.
Иако има 37 години, Миркуловски покажа дека секогаш кога ќе го облече дресот на Македонија е подготвен да изгине на терен. Искусниот ракометар го имаше на секој дел од теренот, кога требаше знаеше да направи некој од неговите преопознатливи продори, а постигна и три погодоци. Миркуловски е злато вреден во репрезентацијата и тој е пример за сите ракометари како треба да се игра за Македонија.



