
Македонија во пионерска конкуренција го претрпеа третиот пораз во третиот натпревар на квалификациите за Европското првенство 2021. На турнирот во Врњачка бања, македонската репрезентација за одбојкарки до 16 години освои 11 поени во првиот, 13 во вториот и 12 во третиот сет против врсничките од Турција.

Трпеноска со 6 и Трајкова со 4 поени беа најефикасни, Ѓорковска, Ѓонлага, Ристовска и Змајшек заработија по 2, а Ѓорѓиевска 1 поен. ,Црвено-жолтите” претходно не успеаја и во пресметките со домаќинот Србија и со Бугарија, а во последниот настап на турнирот ќе играат против Романија.

Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd



