Во рамките на 1/8 финалето на Купот на Македонија, во Тетово во градската пресметка помеѓу ЖФК Љуботен против ЖФК Шкендија до победа стигнаа гостинските фудбалерки си триумф од 2:4 на полувреме беше 1:3.
ЖФК Шкендија се пласира во 1/4 финалето, затоа што се игра само еден натпревар во купот се до полуфиналната фаза. Стрелци за победата беа Икмете Лимани, Медина Емини, Енџи Шерифи и Хафа Мустафа. Додека за Љуботен по еден гол постигнаа Марија Белистојановска и зимското засилување Сенада Муратовиќ.



