Викендов во „Јане Сандански“, ЖРК Вардар и Стружанка одиграа дуел кој беше финале во 1/4-финалната група „В“. ЖРК Вардар обезбеди пласман на завршниот Ф-4 турнир во Купот на Република Македонија.
ЖРК Стружанка беше во егал до 42.минута и имаше реми од 17:17, но вардарки во одбраната играа на ниво, Џатевска и Дамјаноска беа непремостлив бедем, цела шесторка пред Грујовска која не прими гол 17.минути беше брилијантна. Во нападот ,Црвено-црните” ракметарки имааа серија 10-0, за триумф над стружанки со резултат од 27:19.
Фото и извор: http://vardarfans.mk/



