Македонската футсал репрезентација вечерва од 19:00 часот во С.Ц. „Јане Сандански“ го игра можеби најважниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
По одличното реми на првиот натпревар против Србија, нашата селекција ќе се обиде по втор пат да го изненади силниот противник и да го направи клучниот чекор кон пласман на континенталниот шампионат.
Селекторот Васко Скендеровски вели дека доколку одиграме со истата борбеност и тактички бидеме на високо ниво, можеме да се надеваме на позитивен резултат. Со победа Македонија сигурно ќе исигура пласамн на Европско првенство во Холанидја.



