Ракометарите на Вардар стартуваа со победа во плеј-офот на Суперлигата, откако на домашен терен го победија Еурофарм Пелистер 2 со 34-30 (полувреме 17-14). Најефикасен играч на мечот беше репрезентативецот Гоце Георгиевски со 11 гола, пред Димитар Димитриоски со 8. Кај Пелистер се истакнаа Петровиќ со 7 и Дрогришки со 6 погодоци.



