Фудбалерите на Брегалница без апсолутно никаков проблем дојдоа до убедлива победа од 1:4 на полувреме беше 0:3 на гостувањето против Росоман во 18. коло од Втората лига – Исток.
Триумфот беше најавен уште во првите 15 минути од средбата по фуриозниот почеток на избраниците на Марјан Секуловски. Најпрво Кристијан Ацковски во 9. минута донесе водство од 0:1, а потоа капитенот Ристе Наумов со два гола во 12. минута и во 14. минута зголеми на 0:3.
Се понатаму на натпреварот беше само рутина. Мирно, тактички сигурно, „сините“ ја одржуваа предноста. Домашните со голот на Бојан Малинов во 65. минута намалија на 1:3, но веќе во 72. минута Ристе Наумов со хет-трик зголеми на 1:4. За да се заокружи со „петарда“ во мрежата на Росоман се погрижи Михаил Маневски со погодокот во 89. минута од средбата.



