Работнички славеше убедливо против вториот црногорски претставник, Сутјеска, со конечни 84:62. За Центарци ова е трета победа во АБА 2 лигата со која прекинаа низа од четири порази, па сега тимот на Димитар Мираковски има 12 бода, исто колку и Ловќен на делба на 10-тото место.
Најзаслужни за триумфот се хрватот Бундовиќ со 18 постигнати поени и словенецот Мулалиќ со 17 поени, кои што оскомбинираа 35 поени за Работнички, додека Младеновски беше блиску до двоен учинок со 9 поени и 8 скока. Работнички во следното коло ќе се соочи со Широки Брег, меч во кој што Центарци со евентуална победа би излегле од плеј-аут зоната.



