Откако Александар Јовиќ потпиша нов договор со РК Рурофарм Пелистер 2, даде изјава за клупскиот сајт:
,,Сакам да изразам благодарност до претседателот Зоран Стерјев и целокупната управа на ракометното семејство Еурофарм Пелистер за укажаната доверба и за продолжувањето на соработката. Голема благодарност што управата ни овозможи одличен тренерски тим. Тука мислам на Александар Зарков како мој прв соработник, Зоран Атанасовски, кондицискиот тренер Александар Марковски, физиотерапевтот Јован Боглев и Златко Вељановски како логистика. Имаме одличен тим и во следната сезона ќе ја оправдаме довербата и ќе работиме за добробитот на битолскиот и македонскииот ракомет” – кажа на крај Јовиќ.
Видео: RK Eurofarm Pelister



