Во одличен меч во Битола на отворањето на плеј-офот на Македонската Суперлига екипата на РК Еурофарм Пелистер славеше против екипата на РК Струга со 28-18 (полувреме 14-9).
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Периќ со 8 и Граџан со 5 гола, а кај Струга се истакнаа Ракочија со 7 и Николиќ со 5 погодоци. Одличен на голот на Пелистер беше Чаневски кој одбрани неколку зицери на стружани во клучните моменти кога се правеше разликата.



