Највисоката победа во историјата на футсал шампионатот на Македонија ја запиша Шкупи на домашен терен во рамките на редовното коло од првенството против Кратово со историски и неверојатни 37:0.

Шкупи одигра немилосрдно и до врв ја полнеше противничката мрежа, иако дел од првотимците се повикани во футсал репрезентацијата на Македонија за квалификациите за двомечот против Србија.
Најдобриот футсал играч на домаќините, но и воедно легендата во овој спорт, Зоран Левески, постигна 14 гола, што исто така е уште еден импресивен рекорд. Еркан Шабани беше стрелец на 7 гола, Исмет Чека даде 6, Бурак Мемеди имаше 4, Иван Сотировски 3, а Арсим Фазлиу и Никола Димовски по еден. Еден од головите беше и автогол.
Фото: Futsal Shkupi @futsalshkupi



