Висока победа на ФК Црно Буки на стартот на Третата лига Југозапад против тимот на ФК Октиси Спорт со резултат од 5:0 на полувреме беше 3:0. Доминантна игра на домашните фудбалери во текот на целиот натпревар.
По неколкуте неискористени шанси, мрежата на гостите се тресеше во 12 минута од пенал, а сигурен реализатор беше повратникот во тимот, Христијан Крклински за негов деби погодок.

Во 17 и 26 минута по две супер воиграни акции најпрво стрелаше Оливер Даралиовски, па потоа за конечни 3:0 на полувреме ги постави Димитар Николовски. Второто полувреме тренерот Сашо Илиевски ги искористи сите пет дозволени измени, бидејќи резултатот му го дозволуваше тоа, па на 4:0 зголеми Велјановски и голот за конечните 5:0 го постигна Александар Огненовски.
Фото:Fkcrno Bukizl



