Екипата на Веспрем ја продолжи низата на победи во унгарскиот шампионат. На домашен терен славеше над Егер со резултат од 44:28 и останува најдобра екипа без пораз во ракометната елита во земјата.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше одличен и со 9 гола беше прв стрелец на својот тим. Веспрем во унгарското првенство има одиграно шеснаесет натпревари, а има едно изненадувачко реми со Чурго, а сите останати мечеви им се победи.



