Македонската кошаркарска репрезентација прикажа одлична игра, но во финишот загуби против фаворизираната Италија 92:84 во квалификациите за Евробаскет 2022.

Предводник на нашиот тим беше одличниот Ненад Димитријевиќ дабл-дабл од 24 поени, 12 асистенции и 2 скока. Поддршка имаше во Џејкоб Вајли со 17 и Војдан Стојановски со 15 коша. Кај Италија прво име беше Теситори со 18 коша и 6 скока.



