Горан Пандев играше од првата минута против Наполи, постигна два гола и помогна Џенова да стигне до нови три бода и се најде во тимот на 21. коло во Серија А, заедно со Ибрахимовиќ. „Софаскор“ во напаѓачката тројка му најде место на Пандев заедно со Муса Бароу и Ибрахимовиќ. Гранде Пандев беше оценет со највисока оценка.




