Галатасарај со минималните 1:0 на гостувањето кај лутиот ривал Фенербахче оствари многу важна победа за преземање на врвот на табелата во турската Суперлига. Со петтиот триумф во низа, Галатасарај се израмни токму со денешниот ривал на првата позиција и со сигурност до крајот на сезоната ќе се води неизвесна битка за шампионската титула. Мустафа Мухамед во 54-тата минута го постигна единствениот гол на „Шукру Сарачоглу“ стадионот.



