Никола Ѓорѓев игра извонредна сезона и веќе има постигнато 4 гола со шест асистенции за Грасхоперс, а швајцарскиот гигант е на добар пат да се врати во Првата лига. Популарните ,,Скакулци” остварија победа од 2:0 против конкурентот Лозана Оуши.
Победата во судиското продолжение е запечати Никола Ѓорѓев отако влезе во игра на стартот на второто полувреме. Ѓорѓев со 6 асистенции е најдобар во лигата во оваа категорија, а Грасхоперс е најтрофејната екипа во Швајцарија со 27 шампионски круни и е на вистински пат за кам-бек во најсилната лига на оваа земја.
Разликата што ја има Грасхоперс на врвот на табелата сега е пет бода пред Лозана Оуши и Арау, а само шампионот на Втората лига директно ќе се пласира во највисок ранг.



