Стручниот штаб на репрезентацијата на Русија, предводен од селекторот Сергеј Базаревич, го објави поширокиот список на кандидат за учество на завршниот турнир од квалификациите за ЕП 2022.
На истиот се најдоа дури 27.имиња од кои Базаревич треба да ги одбере најдобрите 12 кои ќе играат на средбите пред домашната публика (ако биде дозволено од руските власти) во Перм. Првата на 19. февруари, против нашата најдобра селекција, а два дена подоцна, на 21.февруари, и против репрезентацијата на Естонија.
Во својот избор, помалку и очекуван, Базаревич стави и две нови имиња. Крилото на Нижњи Новгород, Артем Комолов, како и 18.годишниот Павел Савков кој настапува за екипата на Ираурги, член на „ЛЕБ плата“ лигата во Шпанија, а тренира со првиот тим на Басконија. Повикан е и Антон Квитковских од екипата на Автодор, за кого ова е втор повик, откако го откажа настапот во претходниот „балон“.
ИЗБОРОТ НА РУСИЈА ЗА ФЕВРУАРСКИОТ „ПРОЗОРЕЦ“ НА ФИБА
БЕКОВИ
Играч Клуб
Евгениј Бабурин Нижни Новгород
Максим Григориев Парма
Денис Захаров Зенит
Артем Комолов Нижни Новгород
Михаил Кулагин Енисеј
Григориј Мотовилов Локомотив-Кубан
Иван Стребков Нижни Новгород
Иван Ухов ЦСКА
Виталиј Фридзон Зенит
Дмитриј Хвостов Зенит
Александар Коменко ЦСКА
КРИЛА
Павел Антипов Уникс
Семион Антонов ЦСКА
Антон Астапкович Нижни Новгород
Никита Балашов Восток-
Евгениј Валиев Химки
Андреј Воронцевич –
Андреј Зубков Зенит
Станислав Илнитски Локомотив-Кубан
Сергеј Карашев Химки
Антон Квитковских Автодор
Никита Курбанов ЦСКА
Павел Савков Ираурги/Басконија
Владислав Трушкин Зенит
ЦЕНТРИ
Џоел Боломбој ЦСКА
Владимир Ивлев Парма
Антон Пушков Зенит
Селектор: Сергеј Базаревич



