Еурофарм Пелистер го одигра првиот пријателски натпревар во 2021 година, каде што ремизираше против тимот на Целје Пивоварна Лашко со резултат од 26:26 на полувреме беше 9:12. Натпреварот се одигра во салата „Златорог Арена“ во Целје.
Во македонскиот тим се истакнаа голманот Чаневски со 12 одбрани, а најдобри стрелци беа Мандалиниќ со 7 и Граџан со 5 гола. Во тимот на Целје Хоржен постигна 5 гола и Разгор 4 гола беа двајцата најпрецизни.
Фото: RK Eurofarm Pelister
·



