Македонскиот голман Филип Гачевски во трансферот од Вардар во Паралимни од Кипар брани во животна форма. По двата фатени пенали, сочува и победа за својот тим во самиот финиш кај Олимпија Никозија со триумфот од 0:1. Во тимот на Гачевски игра и Фелипе некогашниот соиграч од Вардар.
Домаќинот имаше добра шанса да постигне гол на самиот крај на средбата, но Гачевски го бранеше невозможното и недозволи да се затресе неговата мрежа. Енозис Паралимни запиша трета победа во низа и избега од опасната зона во кипарскиот фудбалски шампионат. Во следната рунда тимот на Гачевски го чека тежок дуел против Омонија.



