Манчестер Јунајтед со 2:1 триумфираше на гостувањето кај Фулам. Лондонскиот тим поведе со голот на Лукман, но Кавани и Погба дадоа по еден гол во двете полувремиња за пресврт.
Единсон Кавани има четири гола за Манчестер и сите на гостински терен. Манчестер Јунајтед е прв на табелата со два бода повеќе од Манчестер Сити, но лидерот има и еден меч повеќе.



