Чудна изјава даде тренерот на Барселона, Роналд Куман и вели дека се надева казната од два меча суспензија за Лионел Меси да биде и намалена. Меси удри противнички играч со рака во лицето во момент кога Вилјалибре ја немаше топката во свој посед во финалето на шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао.
Се очекуваше казната да биде построга што е и вообичаено во вакви случаи, со удар на противнички играч без топка, но реномето на Меси е огромно, па мина само со казна од два меча. Ова е прв директен црвен картон за Лионел Меси по 753 одиграни натпревари за шпанскиот гигант.



