Енис Барди ќе мора да почека најмалку до 10 јануари за камбек на фудбалските терени по повредата на грбот што не му дозволи да игра фудбал од ноември лани. Беше најавена можност македонскиот репрезентативец да биде на списокот со патници кај Леванте за утрешниот меч во Копа дел Реј против Португалете, но одлучено е Барди да почека уште некој ден за камбек.
Утре точно напладне прволигашот гостува кај третолигашот Португалете во првата фаза од шпанскиот куп, Барди се повреди во ноември, непосредно пред дуелот меѓу Грузија и Македонија во финалето на Сегментот Д во Лигата на нациите. Следна можност нашиот репрезентативец да се врати на терен е мечот од Примера помеѓу Леванте и Еибар на 10 јануари од 14 часот.



