Кевин Де Брујн ја одби првата понуда на Манчестер Сити тешка 300 илјади евра неделно плус бонуси и засега не го продолжи договорот со популарните ,,Граѓани”. Најдобриот играч во Премиерлигата, според изборот за ланската сезона во Англија очекува да биде во рангот на најплатените играчи во лигата, а тоа би значело и малку подобра понуда од неговиот сегашен тим.
Моментно најплатен во англиското првенство е голманот на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа со неделна плата од 400 илјади евра. Зад него е Месут Озил, кој не игра за Арсенал, но си инкасира по 390 илјади евра неделно од касата на ,,Топчиите”.
Иста плата има уште еден член на Арсенал, капитенот Пјер-Емерик Обамејанг, а пред Де Брујн според платата се и Каи Хаверц и Тимо Вернер со по 350 илјади евра неделно и уште неколку фудбалери што имаат неделна заработувачка над 300 илјади евра, колку што Сити и нуди на својата прва ѕвезда во тимот.



