Признанието ,,Алфредо ди Стефано” се доделува веќе 12 години на фудбалери кои имаат најмногу заслуги во првенството. Изминативе сезони најчесто оваа награда ја земаа Кристијано Роналдо или Лионел Меси, но конечно е прекината нивната доминација и освојувач е францускиот напаѓач од Реал Мадрид, Карим Бензема кој минатата сезона постигна 21 гол во шампионатот и беше најзаслужен за освоената титула.




