Манчестер Јунајтед го договори првото засилување за зимскиот преоден рок. За сума од 40 милиони евра, од кои 15 милиони евра ќе бидат исплатени во бонуси, на „Олд Трафорд“ доаѓа Амад Траоре, талентираниот крилен офанзивец на Аталанта.
Производот на тимот од Бергамо добро се покажа во младинските категории во Италија, па така овој 18-годишен талент со потекло од Брегот на Слоновата Коска кариерата ќе ја продолжи во редовите на 20-кратниот англиски првак. Во Аталанта Траоре одигра само 5 натпревари.



