И по шестиот натпревар од новата сезона во НЦАА, Вашингтон Стејт Кугарс имаат максимален ефект. За разлика од претходните пет натпревари, во дуелот со Монтана Стејт, „Кугарс“ делуваа доминатно и пред се ефикасно, па ја остварија и најубедливата победа, изразена со 28. поени разлика откако славеа со резултат од 82:54.
Андреј Јакимовски во победничкиот табор на Вашингтон Стејт Кугарс на паркетот помина 34. минути и постигна двоцифрен број поени. Имаше ефект од 10 поени како и 7 скока и 2 асистенции.
Следен противник на Вашингтон Стејт и Јакимовски е Прејри Вју, кој е третопласираниот тим во Југозападната дивизија и кој не одиграл ниеден натпревар од 30 ноември.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



