Националниот состав на Русија ќе се задоволи со петтото место на ракометното Европско првенство по победата над Холандија со 33:27. За досегашните европски вицешапионки овој пласман е утеха со оглед на тоа дека целеа на самата завршница од турнирот во Данска. Ведекина со шест погодоци беше најефикасна во составот на ,,Зборнаја”, додека Абинх блескаше за ,,Лалињата” со 10 погодоци.



