Ремито на Милан против Џенова од 2:2 и победата на Интер од 1:0 над Наполи значеа дека двата тима од Милано колото број 12 во Серија А го завршија на првите две позиции на табелата.
Интер со гол од пенал на Лукаку го доби Наполи, за кого Елмас влезе во игра дури во 84-тата минута, па тимот на тренерот Конте ги искористи киксевите на Јуве и Милан и се проби на второто место.
Интер испадна од еврокуповите и до крајот на сезонава ќе се фокусира само на домашна сцена, што може, особено напролет, да им биде од полза во трката за Скудетото.



