Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека и со нерешен резултат ќе бил незадоволен на гостувањето кај Ливерпул според случувањата на терен, а од 1:2 е крајно незадоволен.
„Му кажав на Јирген дека подобриот тим загуби. Тој не се согласи со мене“ – изјави Мурињо кој никогаш не победил на „Енфилд“ кога на клупата на Црвените бил Германецот Клоп, а имале шест пресметки во сите натпреварувања. Бевме блиску до победата, ја контролиравме играта, но ги пропуштивме шансите. И нерешено ќе беше лош резултат за нас, може да замислите како се чувствуваме после поразов. Резултатот не е фер, Ливерпул не играше како тим кој е актуелен шампион“ – изјави Жозе Мурињо.



