Ракометарите на Нант запишаа втор пораз во низа во француското првенство и загубија на гостувањето кај Екс Прованс со резултат од 31:29. Македонскиот капитен, Кирил Лазаров немаше своја вечер и не блесна во нападот, каде имаше еден гол од шест обиди.
Во тимот на Нант најефикасен беше Валеро Ривера со девет реализации, а шест имаше Калванти. Пред Нант е гостување кај Мотор Запорожје во Лигата на шампионите за четири дена, а до крајот на годината ќе играат уште еден домашен натпревар.



