Најголемото изненадување на европскиот шампионат репрезентацијата на Хрватска во полуфиналето на Европското првенство ќе се соочи против Франција, додека во второто полуфинале ќе гледаме ,,Скандинавско” дерби помеѓу Данска која што воедно е и организатор на ова првенство и ќе се соочат против Норвешка.
За петто место ќе се борат несреќната Русија која што загуби само еден меч во втората фаза но беше исфрлена од борба за медалите и за тоа место ќе се соочат против Светските шампионки, репрезентативките на Холандија, кои што многу касно ја кренаа формата недоволно да се вклучат во борба за еден од медалите.



