Завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони, што треба да се одржи на 28 и 29 декември во Келн, ќе се игра без публика. „Ланксес Арена“ ќе остане празна за време на новогодишниот викенд, кога ќе биде познат европскиот првак за сезоната 2019/2020 година.
На овој турнир ќе учествува и еден македонски репрезентативец, Дејан Манасков кој ги брани боите на унгарскиот клуб Веспрем. Иако Германија влегува во строг карантин од среда до 10 јануари, сепак натпреварувањето нема да се одложи, а Манасков со својот тим Веспрем ќе ја нападнат Европската титула пред празни трибини.



