Холандија ја победи Германија со 28:27 во меч на кој тимот што победи на крајот немаше многу причини за радост. На холанѓанките им беше потребен триумф од минимум два гола за да може да ги задржат шансите да влезат во полуфиналето. Со епилогот од овој меч, ,,Лалињата” максимум може да бидат трети во групата и да се борат за петото место на континенталниот собир.
Германија водеше во поголем дел од мечот, но во завршницата, Холандија од 23:24 стигна до 27:25, а потоа и до 28:26. Германија намалија на 28:27, а во последната минута имаа два напади имаа шанса и за нерешено, но феноменална на голот на Холандија беше Тес Вестер.
Голманката на Холандија имаше две феноменални одбрани, а посебно плени одбраната во последната секунда, кога одлично се постави и топката заврши во нејзиното лице. Иако тоа беше болен удар, Вестер не се уплаши и одбрани за да донесе победа на нејзиниот тим, кој за жал остана без шанси за полуфинале.



