Лидерот ПСЖ во рамките на 12 коло од француската лига, на гостински терен оствари супер важна победа против еден од претендентите за титулата на тимот на Нант. ПСЖ триумфираше со 24:26 на полувреме беше 11:12.
Најзаслужен за победата на парижани беше репрезентативниот голман Жерар со дури 19 интервенции и сега неговиот тим е на максимален ефект, а во домашната екипа Кирил Лазаров постигна 4 гола.



