Во рамките на 17. коло во Првата македонска фудбалска лига. Стружани поведоа на самиот старт преку Османи, но Ѓурѓевиќ ја анулира позитивата од белата точка. Кога сите очекуваа мирно завршување на натпреварот, Абдулхади донесе голема победа на својот тим.
Скопското дерби помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров заврши со нерешен резултат од 2:2 домаќините имаа комотна предност од 2:0. Погодоците за ,,Црвено-црните” ги постигнаа Мирчевски и Цветановски, додека за ѓорчепетровци погодоците за реми и за поделба на бодовите ги донесоа Калид и Божиновски.
Во останатите натпревари во Струмица, Академија Пандев запиша нов пораз овој пат од лидерот Шкендија со 0:1 со победничкиот гол на суперталентираниот напаѓач на Шкендија, Елези.
Во Битола помеѓу екипите кои се борат за опстанок помеѓу Пелистер и Беласица од Струмица победничкиот гол за домаќините под ,,Тумбе кафе” го постигна резервистот Талевски во 81 минута.
И во последниот натпревар во ова коло во Велес тимот на Борец се враќа на победнички патеки и рутински го совладаа кратовски Силекс со 2:0 со головите на Прелчец од пенал и Ристовски со двата гола во првото полувреме. На домаќините олеснителна околност им беше исклучувањето на гостите уште во шеста минута на играчот Тимовски.
Фото: F.C. Struga



