Рој Кин како и секогаш не штеди критики кога Манчестер Кунајтед не прикажува добра игра, а особено беше разочаран од дербитo против Манчестер Сити во кое немаше ниту еден погодок. На Кин воопшто не му се допадна тоа што играчите беа пријателски настроени по завршувањето на натпреварот.
„Како овој меч може да се нарече дерби кога имаше само два жолти картони? Играчите на двете екипи се смешкаа и си разговараа како да не се дојдени да победат за клубот. По мечот тие се гушкаа како другари. Едноставно сум фрустриран, воопшто не ми се допаѓаат фудбалери кои се насмеани додека се на теренот“, истакна Рој Кин.



