Со убедлива победа од 1-3 против Слога во Виница, фудбалерите на Брегалница го завршија првиот дел од сезоната притоа завршувајќи со есенската шампионска круна во Втората лига – Исток, со седум бода предност во однос на второпласираниот Тиквеш. „Сините“ од Штип нескриено чекорат со амбициите за прволигашка промоција.



