Во рамките на Серија А, се соочија две екипи кои што се во долниот дел на табелата и ќе се борат за опстанок во лигата. Се соочија помеѓу себе Торино и Удинезе, а во крајно возбудлив, неизвесен и меч со многу голови крајниот резултат е 2:3 во корист на Удинезе.
Гостите имаа еден период позитива од 0:2 со головите на Пусето и Де Пол, но домаќините се вратија во игра и во само две минути, односно во 66 и 67 минута преку Белоти и Бенацоли израмнија на 2:2. Џокерот на овој меч беше Илија Несторовски кој влезе на терен во 61 минута, а веќе во 69 минута на асистенција на Переира постигна победнички гол за 2:3.



