Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово носи капитални засилувања се со цел да се создаде клуб со европски стандарди на работа. По назначувањето на спортскиот директор од Србија, Небојша Бреѓан за прво свое засилување ја назначија репрезентативката до У-19 и довчерашна членка на ЖФК Ас Јунајтед од Струга, Сања Митреска – Сани која игра на стоперската позиција.

Сепак денеска клубот означи трансфер бомба и одлична фудбалерка од Бразил која игра во нападот , а се работи за 22-годишната Ана Беатриз Тарантино попозната како Роналдиња.

Голгетерката од Бразил во својата кариера има настапувано за бразилски Васко Де Гама, а доаѓа од австрискиот клуб Вордерланд. Роналдиња ќе пристигне на подготовки во Тетово на 15 јануари 2021 година. Клубот ЖФК Љуботен не застанува тука и ќе потпише уште неколку квалитетни странски засилувања периодов што следи.




