Добрите игри на нашиот женски национален тим во „балонот“ во Рига во изминатиот месец, донесоа и одреден и слободно може да се каже, висок скок, на оваа наша селекција на светската рејтинг листа на ФИБА. Македонија е една од петте земји во светот, заедно со Финска, Бугарија, Узбекистан и Естонија, кои во најновото рангирање на ФИБА направиле најголема прогресија.
Односно, според денешното рангирање на Светската кошаркарска федерација, нашиот женски национален тим е на 73. место во светското рангирање или шест позиции погоре во однос на мартовскиот рејтинг во оваа 2020 година.

Извор и фото: https://kfsm.mk



