Репрезентативниот бек Ненад Димитријевиќ соЈувентуд Бадалона обезбеди место во следниот елиминациски круг по триумфот над Венеција од 89:75. На два натпревари, или едно коло пред крајот на регуларниот дел, кошаркарите на Хувентуд обезбедија пласман во ТОП 16 фазата на Еврокупот.
Во осмиот, за нив меч, а деветто коло од Еврокупот, Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи гостуваа во Венеција. И славеа убедлив триумф од 89:75 против ослабениот италијански противник. Доволен за ефект (6-2), со натпревар помалку, додека пак Венеција падна на (2-6).
Ненад Димитријевиќ за скоро десет минути поминати на паркетот имаше учинок од само 2 поени и по еден скок и асистенција.Следниот меч за Хувентуд е на 15. декември, кога во Бадалона треба да гостува рускиот Уникс.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



