Минатата сезона Пјер Емерик Обамејанг постигна 22 гола во Премиер лигата, а во првата четвртина од оваа стигна само до два. Агентот на Пјер-Емерик Обамејанг, Кваку Менса го обвини Микел Артета за лошата форма на неговиот агент.
Агентот на Обамејанг смета дека недостатокот на голови од габонецот не е поради неговиот пад во квалитетот, туку поради тактиката на менаџерот на Арсенал. „Топчиите“ се на последно место во лигата по создадени шанси, само 65 на 11 меча, а во такви услови Обамејанг не може да дојде до израз.



