Кошаркарскиот гигант од Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ја освои наградата „Спортска личност на годината“ во анкетата на магазинот „Sports Illustrated“. Крилото ја доби оваа награда по рекорден трет пат, што досега не го постигна ниту еден спортист. Претходниот пат, 35-годишниот ветеран победи на анкетата во 2012 и 2016 година.



