Во рамките на Првата кошаркарска лига, домашниот тим на ЖКК Трокал го нагости тимот на ЖКК Струга 2009, а со цел плен за Струга си заминааа гостинските кошаркарки со лесен триумф од 44:68. Во победничкиот табор најефикасна заврши Ханиса Зендели со 18 поени.

Двоцифрен број на поени за стружанки уште имаа: Мила Вељаноска со 11 поени и Габриела Модева со 10 поени. Во листата на стрелци уште се запишаа: Ангела Белеска 9 поени, Устијаноска Марија 8 поени, Елена Пешиноска 4 поени, Ружица Чочороска 4 поени и Зенка Ера исто така запиша зад своето име 4 поени.
Во поразената домашна екипа на ЖКК Трокал најмногу поентерски се истакнаа Анастасија Тодорова со 18 постигнати поени и Лиле Миткова постигна 9 поени на овој натпревар.



